„Индепендент“: Заминувањето на Русите од Сирија навестува напад на западните сили

Од:

Заминувањето на Русите, треба да значи дека претстои воен напад на Западот врз Сирија, пишува лондонски „Индепендент“. Весникот вели дека Русија го суспендира користењето на својата поморска база во сириското пристаниште Тартус, а преку аеродромот во Бејрут беа повлечени Русите кои живееја во Сирија.

Официјална Москва ја отфрла можноста Владата во Дамаск да биде оставена сама и навести дека суспендирање на користењето на Тартус, не значи дека Русија нема да ги користи нејзините можности во иднина.

Повикувајќи се на руски извори, лондонскиот весник забележува дека и понатаму остануваат основните принципи на соработката со официјален Дамаск во воената сфера, а Москва и натаму ќе го поддржува режимот на претседателпт Башир ал Асад, пред се, на политички план, со разузнавачки информации и сознанија, како и во хуманитарната сфера.

Рускиот весник „Независимаја Газета“, на кој се повикува „Индепендент“ тврди дека не се предвидуваат нови, поголеми воени испораки оружје за силите на Дамаск. Сите 11 руски воени бродови од Црноморската, Северноморската и Балтичката флота, вклучувајќи ги и бродовите „Александар Отроковски“, „Георги Победоносец“, како и „Кондотога“, се вратија изминатите недели во своите бази во Русија.

Западните аналитичари веруваат дека ваквиот потег на Русија и драстичното намалување на руското воено присуство во регионот, значи само навестување на една масовна западна воена интервенција во Сирија. Аналитичарите се повикуваат на изјавите на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, како и на специјалниот пратеник за Сирија и нивните песимистички прогнози за можно мирно решение за сириската криза.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ