Поранешниот тренер на Атланта, Мајк Буденхолцер постигнал договор со менаџментот на Милвоки Бакс и ќе седне на клупата на НБА-лигашот, објави „ЕСПН“.
Буденхолцер од 1996 до 2013 година беше помошник Грег Поповиќ во Сан Антонио, претходните пет сезони ги помина во Атланта. Најдобар резултат оствари во сезоната 2014/15 кога играше финале во Источната конференција.
Таа година беше прогласен за најдобар тренер во НБА лигата.