Мицкоски им се пожали на Туск и Хан: Очекувањата од владата се изневерени, а народот незадоволен

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во пресрет на самитот на Европската народна партија кој се одржува во Софија оствари средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц и комесарот на Европската Унија за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

На средбата се разговараше за перспективите на Македонија, актуелната политичка состојба како и стратешкиот интерес на државата за членство во Европската Унија.

Мицкоски посочи дека Република Македонија се наоѓа во исклучитело тешка економска ситуација која резултира со намалување на стандардот на граѓаните, надополнета со сериозен политички терор наметнат од власта што сериозно ги подрива нејзините капацитети и загушува слободата.

– Очекувањата од владата се изневерени, а народот се повеќе незадоволен, истакна Мицкоски.

Тој во однос на спорот за името ги изнесе принципиелните позиции и ставови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се променети, како и впечатокот дека Владата го води целокупниот процес на разговори на максимално нетрапсарентен начин што го наметнува чувството дека нешто се крие. Беше истакнато дека премиерот Заев нема монопол во одлучувањето за вака едно важно прашање за иднината на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека партијата ги поддржува европските интеграции на државата што се од интерес на самите граѓани што се покажа и преку активно учество и давање на сугестии во процесот на носење на реформските закони. Воедно беше потенцирана и важноста истите да профункционираат во реалноста, за што осбено треба да превземе одговорност самата Влада.

Мицкоски истакна дека Македонија заслужува и може подобро и дека градењето на мостови за соработка ќе е клучен елемент на ВМРО-ДПМНЕ во отворање на државата и исполнување на стратешките приоритети.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари разговор и со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. Се разговараше за стратешката цел на државата за интеграција во Европската Унија и за продлабочување на соработката на тој план.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?