Општина Прилеп и Република Чешка ќе ја зголемуваат соработката

Од:

Општина Прилеп ќе ја зголемува економската, трговската и културната соработка и односите во областа на туризмот и спортот со Република Чешка.

Тоа беше констатирано на денешната средба на амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и со стопанствениците во регионалната стопанска комора.

Според Јованоски, ќе се работи и на проект како младите Македонци да останат во својата земја и да не заминуваат во странство.

– Заедничка беше констатацијата дека треба да имаме економска, стопанска соработка, а треба да се надградуваат и културната и туристичката соработка. Се договоривме да направиме заеднички проект за преквалификација на наши млади кадри за да може да останат во земјава, рече Јованоски.

Според Горан Попоски, извршен директор на прилепската регионална стопанска комора досега има соработка во текстилната индустрија и мермерот, а компаниите сакаат да бидат дел од базата на податоци на чешките стопанственици.

– Чешка прави информациски систем во кој сите компании може да бидат претставени, а ќе се трудиме и прилепските фирми да бидат дел од тој електронски систем на база на податоци за да може да се унапреди економската соработка. Некои прилепски компании имаат искуство во соработката со чешките компании, пред се, во текстилната, прехранбената индустрија, мермерот и тутунот, рече Попоски.

Амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан ја искажа недвосмислената поддршка за Македонија, зашто очекува наскоро да стане членка на Европската унија и на НАТО, а економската соработка ќе се унапредува. Има големи можности во текстилната индустрија.

– Инвестирањето чешки пари во Прилеп и во другите македонски градови ќе биде задача не само на амбасадата, но и на чешките министерства, задолжени за проширување на интернационалните соработки. Разговаравме со претставници од текстилната индустрија и мислам дека на тоа поле може да најдеме добри проекти. Друга можност е македонскиот, односно прилепски мермер. Досега имало соработка во изградбата на чешкото метро, рече амбасадорот Томан.

Посочи дека е многу битна и соработката во туризмот, за екстремните спортови во кои е познат Прилеп, а секако Чешка би соработувала во познатата прилепска манифестација „Пивофест“ па да има своевиден натпревар.

Чешка е на 23 место како трговски партнер на Македонија. Лани, трговската размена меѓу двете земји била 178 милиони долари, а Македонија има минусно салдо од 56 милиони долари во поглед на извозот во Чешка иако соработката се зголемила за 17 проценти во однос на 2016 година.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски