Потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Македонија и Владата на Канада за меѓувладини трансакции

Од:

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Канада за меѓувладини трансакции, вклучувајќи набавка на безбедносна и сигурносна опрема, обувки и услуги.

Меморандумот го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Н.Е. Кетлин Чаба, вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора.

Меморандумот има за цел да ги олесни и помогне меѓувладините трансакции за набавка на безбедносна и сигурносна опрема, обувки и услуги кои ќе се извршуваат меѓу двете страни. Исто така, со меморандумот е предвидено двете страни да идентификуваат проекти или активности за кои се достапни добра или услуги од Канада.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он