Во Кочани се одржа 44. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“

Од:

Библиотеката „Искра“ од Кочани денеска беше домаќин на 44. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“ што го организираше во соработка со литературниот клуб „Копнеж“.

На фестивалот учествуваа триесетина млади автори, членови на поетски клубови во 11 училишта и шест бибилотеки од Македонија.

– На објавениот конкурс годинава пристигнаа 33 поетски творби за кои жири комисијата оцени дека ги исполнуваат критериумите за награди. Тоа е потврда дека го задржуваме нивото на квалитет на фестивалот на кој не определуваме тема за која ќе се пишува, но поголем дел од песните што пристигнаа се со патриотска и романтична содржина, истакна Илија Захариев од бибиотеката „Искра“.

Првата награда – Гран при „Димитар Гогов“ ја доби Теона Грубанска, ученичка од Лозово за песната „Домот во срцето мое“. Втората награда на фестивалот и беше доделена на Марија Николова од село Соколарци, а третата ја освои Мартина Пулковска, ученичка од Кочани.

Наградата за најдобар ментор и припадна на професорката по македонски јазик Ленче Китанова од Лозово, а пофалници за своите поетски творби добија Анастасија Јефтимова од Зрновци, Јована Балуловска од Скопје и Михаела Стојанова од Кочани.

Признанија за придонесот во одржување на детскиот поетски фестивал добија и библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш и основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски