Се уредува јавна површина во село Пепелиште

Од:

Со изведување градежни работи, започна уредувањето на јавна површина во централното подрачје на неготинското село Пепелиште, непосредно до споменикот на паднатите борци во НОБ.

– Се работи за изведба на влезна патека до одморалиштето и пристапна патека до песочник, каде ќе биде поставена урбана опрема за потребите на населението, информираше Тони Делков, градоначалник на Неготино.

Градежните работи опфаќаат одбележување на локацијата за градење со соодветна сигнализација, машински ископ на земја, подготовка и набивање на тлото, по што следува набавка, насипување и планирање на тампон по целата градежна површина на просторот, кој е предмет на уредување.

Делков соопшти дека во натамошниот дел од работите ќе се пристапи кон монтажа на бекатон плочки на целиот простор под патеките и одморалиштето околу споменикот, како и монтажа на парковски рабници по целата површина на градење.

– По завршувањето на работите, жителите на Пепелиште на располагање ќе добијат пријатно катче за одмор, релаксација и поминување на дел од слободното време, а проектот се реализира со средства од буџетот на општина Неготино, наведе Делков.

Би можело да ве интересира

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски