Пред самитот на ЕУ во Брисел на 28 и 29 јуни, францускиот претседател Франсоа Холанд им предложил на неговите европски партнери план за економско развој на Европа кои веднаш би требало да почне да се реализира и ќе чини 120 милијарди евра.
Неделникот „Журнал ди диманш“, тврди дека францускиот претседател им на испратил документ на европските лидери, меѓу кои и на германската канцеларка Ангела Меркел, во кој тој ги нуди своите решенија.
Неговиот „Пакт за економски развој на Европа“ се состои од серија мерки за развој на економијата со најголемо внимание посветено на „големите градилишта“ како инфраструктурните мрежи, обновливата енергија, био-технологијата.
Оланд пишува и дека неговите предлози на прво место ќе водат борба против невработеноста на младите.
Според Франсоа Холанд, 120 милијарди би требало да се најдат од три можни извори: од структуралните фондови на ЕУ во висина од 55 милјарди евра, 60 милијарди од Европската банка за инвестиции, 4,5 милјарди евра би требало да бидат пронајдени од „проект обврзници“, кои заеднички би биле издавани од повеќе европски земји за финансисрање на континентални инфраструктурни проекти.