Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес се наоѓа пред заминување во американската МЛС лига.
34-годишниот шпански фудбалер по завршувањето на сезоната ќе стане слободен агент. Тој е во преговори со Монтреал и според последните информации објавени во американските медиуми, двете страни веќе постигнале договор.
Торес оваа сезона постигна осум гола и запиша две асистенции на 43 натпревари колку што настапи за шпанскиот тим.
Вечер во финалето од Лига Европа, Торес со Атлетико Мадрид ќе игра против Олимпик Марсеј, а в недела против Еибар за последен пат ќе го облече црвено-белиот дрес во Ла Лига.