Дали итната лидерска средба и враќањето од Италија се поради слабиот интерес на дијаспората за средбите со Мицкоски?

Од:

Членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората покажале слаб интерес за закажаните средби со претседателот на партијата Христијан Мицкоски во повеќе градови во Италија. Според извори на А1он поради незаинтересираноста средбите биле одложени, а се одржала само една во градот Канели каде што дошле луѓе и од други места кои биле на списокот за посета. Претседателот на партијата имал закажано средби со поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во Пјаченца, Тренто, Болцано, Конилијано, но наместо тоа, средба се случила само во Канели, по што стигна драматичното соопштение дека Мицкоски се враќа и бара итна лидерска средба за името.

Од партијата велат дека причината поради која Мицкоски се вратил порано од европските земји е само поради лидерската средба.

-Веќе е соопштено дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја прекина посетата на Италија и со тоа и средбите со македонската дијаспора и се врати во Македонија заради акутното прашање поврзано со најавите од власта за премиерска средба Заев- Ципрас која беше најавена како клучна (финална) за надминување на разликите со Грција.

Истовремено ВМРО-ДПМНЕ побара итна лидерска средба со поголемите партии вклучително и Претседателот на државата, посветена токму на информирање за развојот и деталите од процесот, која што Зоран Заев ја одбива и продолжува со целосната нетранспарентност за развојот во процесот, што пак максимално поттикнува впечаток дека нешто се крие од очите на јавноста.

„Повторуваме дека Заев и оваа влада нема монопол за одлука врз прашање кое длабоко ги засега сите граѓани, и оние определените и оние кои се политички неопределени.“

Во таа насока, сонародниците ја разбраа сензитивноста на моментот и ова прекинување на посетата и одложувањето на средбите со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, велат за А1он од партијата.
На својата агенда, лидерот на најголемата опозициска партија ги имаше швајцарските градови Локарно, Лозана и Цирих каде требаше да се формираат нови задгранични комитети, но Мицкоски не се сретна со нив и се врати во земјава.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст