(ВИДЕО) Заев: „Поткуп“ е срам за Јавното обвинителство

Од:

Премиерот Зоран Заев по завршните зборови во предметот „Поткуп“, рече дека каква и да е одлуката на судот во понеделник, ќе ја почитува.

„Ова е срам за Јавното обвинителство во тоа време што се случувало“, рече Заев за органот на прогон кој го гони за ветување за примање поткуп.

Тој на прашање на „Макфакс“ потврди дека поднеле кривична пријава против обвинителот Владимир Милошевски, за кого во постапката бараа изземање.

Тој рече дека му е драго што јавноста будно го следела процесот.

„Очекувам правда“, рече премиерот по рочиштето.

Заев рече дека се потврдило дека со преквалификацијата на обвинението, отпаднале и посебните истражни мерки, со кои тој, бил следен од полцијата. Изрекувањето на пресудата е закажано за в понеделник 21 мај напладне.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Полицаец од Скопје поткупил колега од преминот „Блаце“

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Левица: Предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош