Заев: Ќе најдам време да се видам со Мицкоски

Од:

Премиерот Зоран Заев рече дека ќе најде време да се сретне со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека вчера исконтактирал со него доцна во ноќта и дека е можно уште денеска да се сретнат.

Заев рече дека вчера не можело да има лидерска средба затоа што министерот за надворешни работи Никола Димитров бил во Холандија. Тој уште вчера се обидел да го исконтактира Мицкоски, но веројатно, како што рече, поради презафатеност лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не му одговорил.

„Исконтактиравме доцна во ноќта, можно е и денеска да се сретнеме, спремен сум да споделам сè со опозицијата. Можно е и пред самитот во Софија да се видиме. Јас ќе најдам време да се видиме“, рече Заев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, пак, денеска рече дека трет ден има молк од владата и премиерот Заев на повикот за итна лидерска средба на која ќе се разговара за деталите и тековите на најважното прашање за граѓаните на Република Македонија, прашањето за името.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски