Три лица загинаа рано утринава откако автомобил излетал од патот и паднал во провалија длабока 10 метри, информираат од МВР.
Несреќата се случила на патниот правец Крива Паланка – Куманово, кај местото викано „Тополки”, кај селото Конопница.
Во несреќата загинаа Ивица С. (1987) и Новица С. (1983), двајцата од с.Конопница, додека возачот на автомобилот Дејан Н. (1982) починал во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото на инцидентот извршија Јавен обвинител, Истражен судија и кривопаланечката полиција.