„Фајненшл тајмс“: Ризична стратегија на Дејвид Камерон кон ЕУ

Од:

Намерата на премиерот Дејвид Камерон да организира референдум за тоа дали Велика Британија ќе остане во ЕУ, или ќе замине, е „мошне ризична стратегија“, пишува лондонски „Фајненшл Тајмс“.

Според овој весник, ваквата политика претставува сериозен тест за подготвеноста на Франција и на Германија да не се согласат со поинаков и како што вели Камерон, подобар договор на Велика Британија со ЕУ. Лондонските проевропски весници го критикуваат однесувањето на премиерот кому досега му забележуваа дека нема доволно храброст за преземање поинакви мерки за економските проблеми во домашната економија.

„Индепендент“ оценува дека со барањето нови преговори и заканата со референдум за напуштање на ЕУ, доколку не се добие согласност за нов договор, Камерон, практично, веќе ја има отворено вратата за излегување на земјата од Унијата во која е веќе 40 години. За овој весник, евентуалната таква разврска, претставува закана од губењето на инвестициите кои креираат работни места. Пролабуристичкиот „Гардијан“ смета дека Камерон со својата политика „удира во срцето“ на европскиот проект.

Дејвид Камерон утринава порача дека доколку победи на следните парламентарни избори, за нешто повеќе од две години, ќе организира референдум за иднината на британско-европските односи. Тој призна дека Велика Британија има различни идеи за решавање на актуелната криза во ЕУ, а посебно во еврозоната, откривајќи дека Британците се погодени што тие идеи не наоѓаат на разбирање во Брисел, па Лондон често останува изолиран. Британскиот премиер инсистира дека не е британски излоационист, туку дека сака подобри услови за Велика Британија, особено по навестувањето за поголемо и поцврсто интегрирање на 17-те земји од еврозоната.

Со неговата определба не се согласуваат опозициските лабуристи, како и либералдемократите кои сега се во владината коалиција. Проевропските партии, како и проевропеските асоцијации најавија остра пресметка со политиката на Камерон, што тие ја оценуваат како „опасно коцкање“ со политичката и економската иднина на земјата.

За разлика од нив, проконзервативните медиуми и аналитичари со одобрување го прифакаат говорот на Камерон. Претставник на најевроскептичната британска партија УКИП (Партија на британската независност) тврдат дека свртувањето на Камерон е само нивна заслуга.

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Англија ја совлада Ирска

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани