Грчката полиција лани запленила 11 тони албанска марихуана

Од:

Грчката полиција лани запленила 11 тони марихуана прoшверцувана од Aлбанија, јави дописникот на МИА од Тирана.

Од вкупно запленетата дрога, само во декември биле запленети 1,5 тони, што е најголема количина запленета во месец декември, имајќи ги предвид временските услови, поради кои во изминатите години во текот на овој месец запленетат дрога била со помала количина.

Дрогата главно била запленета во пограничната зона со Албанија, но добар дел и при акции по автопатите во правец на југот на Грција, главно Атина.

Марихауната е главно од видот„сканк“ и производство од селото Лазарат, познато како фабрика за марихуана.

Од почетокот на годинава грчката полиција има запленето над 600 килограми марихуана.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната