Мнозинството грчки граѓани (62,3 отсто) сметаат дека финансискиот колапс и ризикот од враќање на драхмата е избегнат засекогаш, покажуваат податоците од социолошкото проучување на агенцијата Марк.
Вкупно 31,6 отсто сметаат дека банкротот на земјата е неизбежен, додека 46 проценти мислат дека ситуацијата би била полоша, ако Коалицијата на радикалната левица СИРИЗА ја управува земјата.
Шеесет и три проценти сакаат Владата предводена од Конзервативците да го помине целиот четиригодишен мандат, а малку над 32 отсто бараат предвремени избори.