Под притисок на инвеститорите Карл Ајкан и Дарвин Дисон, американскиот производител на фотокопир машини Зирокс се откажа од планираното спојување со Фуџи.
Ајкан и Дисон претходно издејствуваа смена на директорот на Зирокс Џеф Џејкобсон и најголем дел од бордот, откако тие веќе постигнаа договор вреден 6,1 милијарда долари за спојување на Зирокс со јапонскиот гигант Фуџи, со кого американската компанија веќе има интензивна соработка.
Ајкан и Дисон сметаа дека Зирокс е потценет во постигнатиот договор, и планираат да ја понудат компанијата на слободна продажба на која сакаат да постигнат повисока цена. Сепак, се смета дека Зирокс и Фуџи се до толку поврзани што веќе е невозможно Зирокс да најде друг купувач.