Во с.Карамани, битолско, вчера утрото во својот дом, П.Ѓ. (57) испукал еден патрон во пределот на градите од ловна пушка „Бајкал“ калибар 12 мм., сопственост на неговиот син, по што починал на самото место.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.