Со симболична трка организаторите ја најавија трката „Охрид трчаТ“

Од:

Со симболичната трка на луѓето кои стојат позади организацијата на „Охрид трчаТ“, преставници од СВР Охрид и медиумските работници започна најголемиот спортски настан во Охрид за оваа година.

– Идејата за ваков настан дојде на еден состанок на кој заклучивме дека ние нема да може да учествуваме, а сакаме, на главниот настан на 3 јуни поради работните обврски. После тоа рековме дека треба да го најавиме настанот со ваква трка и на крај дојде до реализација. Следуваат финалните денови од подготовките и вистина работиме со полна пареа за што подобар организираност и презентација на Охрид како спортски град. – изјавуваат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“.

Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ кој ќе се одржи на 3 јуни е збогатен со многу изненадување и новини, што го доближува до атлетските викенди ширум светот. Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат следниот викенд, односно на 19 мај кога ќе се одржи Ноќната трка.

Пријавувањето на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ сите заинтересирани можат да го направат на официјалната страна ohridtrcat.mk, најдоцна до 28 мај.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за охриѓанец кој запали две возила

Засилени контроли на трговци и продавачи на пиротехички средства во Охрид и околината

Наум Локоски

ФОТО: Големи количини на смет Охридското езеро исфрли на градскиот кеј

Ана Ололовска

Три години од потонувањето на бродот „Илинден“

Ана Ололовска