Бекам разочаран од синовите

Од:

Поранешниот британски фудбалер, Дејвид Бекам, призна дека тројцата синови го разочарале, бидејќи ниту еден од нив не сака професионално да се занимава со фудбал.

Бруклин, Ромео и Круз иако како деца тренираа во школата на фудбалскиот клуб Арсенал, кога малку пораснаа сфатија дека фудбалот не ги интересира.

Меѓутоа, поранешната фудбалска ѕвезда истакнува дека се радува што неговата ќерка Харпер обожава фудбал и редовно тренира.

– Харпер има чувство за добра игра и сака да тренира, но другите тројца не. Тоа тешко ми падна, ми го скршија срцето, потенцира Дејвид Бекам.

Тројцата синови веројатно благодарение на мајка им повеќе сакаат уметност отколку фудбал.

Најстариот син Бруклин студира фотографија во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Бекам го брани контроверзниот договор со Катар: Фудбалот може да биде сила за добро во светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бекам ја бакнува ќерка си во уста, неговите обожаватели шокирани

А1он

Бекам: Кристијано не е на нивото на Меси

Ана Ололовска

Клубот во сопственост на Дејвид Бекам дебитираше со пораз во американската МЛС лига

А1он

ВИДЕО: Бекамови прославија 20 години брак на најлуксузното место на светот

Бекам доби статуа во Лос Анџелес

Ана Ололовска