Торонто репторс го отпушти тренерот Двејн Кејси

Од:

Торонто репторс го отпушти тренерот Двејн Кејси само по три дена од елиминацијата во плејофот на НБА лигата.

Торонто регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место на табелата од Источната конференција, но во полуфиналната серија загуби од Кливлен кавалирс со 4:0.

Од клубот соопштија дека ваквата одлука била неопходна.

– Двејн работеше за нашиот клуб, му благодариме и му посакуваме се најдобро. Тој беше еден од клучните луѓе за креирањето на идентитетот на нашиот тим, наведуваат од Репторс.

Кејси седум сезони го водеше Торонто, а клубот во тој период оствари 320 победи и 238 порази, како и едно конференциско финале.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот