Промовиран ЕУ проектот „Компаративна предност за поголема конкурентност“

Од:

Соработка на приватниот сектор, пред се на микро, малите и средните претпријатија со релевантните претставници од универзитетите, со цел да се зголеми конкурентноста е целта на проектот на ЕУ „Компоративна предност за поголема конкурентност„ на ЕУ кој беше промовиран денеска во Велес.

Го спроведуваат ЦФСД при Министерството за финансии и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Куманово, во партнерство со Фондацијата за поддршка на мали и средни претпријатија од Велес и ќе трае 24 месеци.

Димитар Ташевски, директор на Фондацијата за мали и средни претпријатија од Куманово, рече дека се предвидени конкретни мерки кои го унапредуваат поттикнувањето иновации, истражување и развој, како и надградба на технолошките процеси на мали и средни претпријатија (МСП).

– Исто така, ќе бидат имплементирани и мерки за развој на капацитетите на МСП, за соработка и градење силни врски со јавните институции и образовните институции во земјата, преку воспоставување заедничка платформа, како на пример иновативен центар, развој на конкретни проекти, програми за обука и мерки за зајакнување на иновативните капацитети на домашните МСП, појасни Ташевски.

Тој потенцира дека нивото на обука на МСП, локалните власти и институции е доста важно, бидејќи тие можат значително да го олеснат воспоставувањето соработка.

Анита Самарџиева, директор на Фондацијата за мали и средни претпријатија од Велес, истакна дека воспоставениот Виртуелен иновативен центар ќе стане партнер на МСП-мали и средни претпријатија во унапредувањето на економскиот просперитет на целните региони и ќе овозможи трансфер на знаење и технологија.

– Центарот ќе ја поддржи културата на претприемништво, за трансформирање на иновациските идеи во успешен профитен проект на претпријатијата, а ќе обезбеди и образовни и вмрежувачки можности за МСП, за да ја развијат и да ја демонстрираат комерцијалната вредност на нивните пронајдоци.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски