А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не ги знаеме новите детали од преговорите за спорот за името

by А1он11/05/2018 - 16:00157
Share0

„Во врска со информациите изнесени во јавноста од премиерот Зоран Заев за наводно навремено информирање на опозицијата, поточно ВМРО-ДПМНЕ со детали од преговорите за спорот за името сакаме да го изнесеме следново:

Добивај вести на вибер

Се работи за комплетна невистина изнесена од Зоран Заев кој очигледно се раководи по принципот „колку повеќе лаги, толку повеќе години на власт“. Очигледно единица мерка за лага во државата е Зоран Заев. Но неговото катастрофално работење многу брзо ќе биде разобличено од страна на граѓаните и ќе се понесе одговорност за сите штетни политики во државата.

Вистината е следна. Единствените информации кои ВМРО-ДПМНЕ ги има добиено од владата која ги води преговорите за името се оние добиени на лидерската средба која се одржа во месец јануари оваа година во клубот на пратеници, и билатералната јавна средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која се случи на почетокот од месец март во просториите на Владата на Република Македонија. Од тогаш до денешниот ден, ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена со аспектите ниту нови детали од разговорите кои ги води Владата на Заев и грчката страна во преговорите.

Апелираме премиерот и сите вклучени во разговорите да не шпекулираат и изнесуваат невистини во целокупниот процес, да не си бараат алиби за сопствените грешки и да се фокусираат кон решение кое ќе ги заштитува националните и државни интереси на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmneimeto

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто