Средба Петровска-Бејли: Постои простор за искористување на потенцијалите на Битола

Од:

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, денес ја посети Општина Битола, каде оствари работна средба со градоначалничката, м-р Наташа Петровска. На средбата, градоначалничката ги претстави потенцијалите на градот од аспект на развојот на туризмот, индустријата, малите и средни бизниси и инфраструктурата. Беше кажано дека Битола има големи потенцијали, кои за жал сеуште не се искористени, но во истите има голем простор за подобрување и инвестирање. Беше спомнат НП Пелистер, универзитетскиот потенцијал на градот и мерките кои можат да се преземат за младите луѓе да останат во Битола.

Амбасадорот Бејли, покажа посебен интерес за потенцијалот на младите во Битола со кои имал и многу лични позитивни искуства.

Градоначалничката Петровска на Амбасадорот Бејли му подари подароци кои го отсликуваат големото културно историско богатство на оваа општина, додека амбасадорот и подари книга за успешните приказни на жените лидерки во Америка, посакувајќи и големи резултати, како една од шесте жени градоначалнички во Република Македонија.

Амбасадата на САД во Македонија, во партнерство со Американските катчиња во Македонија и Општина Битола, го поддржуваат првиот Саем на креативци на Балканот, кој од денес до 20 мај се одржува во Битола.

Градоначалничката Петровска, после средбата со амбасадорот го посети Саемот на креативци во Битола, кој претставува истовремено фестивал на креативност, инвентвност и талент, на кој учествуваат 20 креативни организации од цела Македонија.

Настанот е собир на технолошки ентузиjасти, занаетчии, наставници, инженери, научни клубови, автори, уметници, студенти и луѓе од бизнисот – од сите возрасти, а истиот е збогатен со практични демонстрации и работилници за 3Д-печатачи, роботика, компјутерско програмирање и занаетчиска работа.

Би можело да ве интересира

САД: Нападнавме бродови кои шверцуваа дрога, загинаа пет лица

Песков: Односите меѓу Русија и САД се фокусирани на решавање на украинската криза

Познат возач на НАСКАР и неговото семејство загинаа во авионска несреќа во САД

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

САД и европските сојузници подготвуваат безбедносни гаранции за мир во Украина

(ВИДЕО) „Цесна“ се урна во близина на аеродром во САД, има загинати

Горан Наумовски