Министерот за здравство на Конго, Оли Илунга потврди дека во северозападниот дел на земјата регистриран е прв смртен случај од ебола.
Тој додаде дека седум луѓе со хеморагична треска се хоспитализирани во градот Бикоро, а кај уште четири лица, од кои три медицински сестри е откриена болеста.
Илунга посочи оти во тој регион имало 17 смртни случаи, но се уште не е потврдено дали починале од ебола.
Според Светска здравствена организација од декември 2013 до јуни 2016 година во Гвинеја, во Либерија и во Сиера Леоне починаа над 11.000 луѓе.