Изградба на спортска сала во ОУ „Славчо Стојменски“ во Виница

Од:

Во дворот на ОУ “Славчо Стојменски“ во Виница започна ископот на темелите за изградба на универзална спортска сала со корисна површина од околу 400 метри квадратни.

Проектот е во вредност од 25 милиони денари, а општина Виница го реализира со поддршка од Министерството за образование и наука.

Поради локацијата и специфичноста на градежната парцела, салата ќе биде без трибини, но ќе може да се користи за сите училишни спортови, како и за редовните наставни активности на учениците.

– Околу 600 ученици часовите по физичко воспитување ги изведуваат на отворено и во мала импровизирана сала што не одговара на потребите и стандардите. Со изградбата на новата сала ќе се овозможи спортување во текот на зимскиот период, како и работа на училишните клубови во кошарка, гимнастика и карате, дицисплини во кои имаме и балкански прваци, истакна директорот на ОУ „Славчо Стојменски“, Горан Иванов.

Училишната спортска сала ќе биде монтажна, поради што се очекува изградбата да заврши до крајот на годината.

Изведувач на градежните работи е компанијата „Гранит“, а како подизведувачи се ангажирани и локални градежни фирми.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени