Биба Додева Христова и Ана Јаневска Делева ќе ги мониторираат јавните набавки на Клиниката за хематологија

Од:

Ана Јаневска Делева и Биба Додева Христова од организациите Транспаренси Македонија и Здружението на граѓани за борба против рак „Борка“ се двете надворешни стручни лица кои на барање на менаџментот и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје ќе учествуваат во мониторирањето на целокупниот процес на јавни набавки. Согласно член 30, став 1 од Законот за јавни набавки, двете во својство на надворешни стручни лица, кои не се вработени на клиниката, со делегирана надлежност ќе го следат и да вршат увид во начинот на кој се реализираат јавните набавки на клиниката, наведе Клиниката на хематологија

-Уверени сме дека со овој чекор за унапредување на соработката со НВО секторот воспоставуваме највисоки стандарди за отчетност и транспарентност во процесот на спроведување на јавните набавки. Искрено веруваме дека преку ваквиот пристап пациентите и целата јавност во Република Македонија ќе добијат поголема сигурност во квалитетот на здравствени услуги и лековите кои се неопходни за нивно лекување. Несомнено е дека даночните обврзници имаат целосно право да знаат и во секое време да имаат увид на кој начин и за кои цели се троши секој нивен денар. Наша обврска е тоа да го овозможиме преку вклучување на највисоко ниво на јавност во нашето функционирање. Се надеваме дека ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје ќе стане пример кои ќе го следат сите јавни здравствени установи со цел сите заедно да придонесеме за враќање на довербата на граѓаните во јавното здравство, се наведува во соопштението на Клиниката за хематологија.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска