Јакимовски: Државата Никола со лопата не се прави, државата се прави со политика

Од:

Илјадници граѓани во Крива Паланка излегоа на улица во одбрана на демократијата на Македонија.

„Уаа лопови!“, „Стравот повеќе не постои!“, „Крајот на режимот е веќе извесен!“ – извикуваа граѓаните.

На граѓанскиот парламент се огласи Стевче Јакимовски.

„Буџетот е двојно зголемен од 2006 година, Груевски ги троши парите непродуктивно. Дали ни требаат 14 милиони евра за нивните реклами, за споменици или за канцелараски мебел. Не ни треба таков луксуз во ваква криза. Никола Груевски го знаевеме точно како ќе постапки, кога ќе му ги блокираш парите во состојба е и да убие. Се фали со наши проекти, браната Света Петка и со обиколницата околу Скопје, со инвестиции на СДСМ. Државата Никола со лопата не се прави, државата се прави со политика. Тој 24 декември, за мене е светол датум во нашата историја бидејќи на сите ни стана јасно за каков диктатор се работи. Со сила да ги спроведува своите желби“, рече Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа