Заев: Постапката за купопродажба на земјиштето од мојот брат е транспарентна

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска призна дека нема ништо спорно и незаконско во тоа што неговиот брат е корисник на градежно државно земјиште во Струмица, што го добил додека тој бил градоначалник.

Одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“ Заев рече дека постапката за купопродажбата на земјиштето била транспарентна и законска, за што вчера и СДСМ и Општина Струмица ги демантирале наводите изнесени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Моето семејство нема што да крие. Ние се што имаме е овде во Македонија и тоа е јавно и достапно секогаш, рече Заев.

На прашањето колку неговиот брат Вице Заев профитирал од изградбата на зграда на ова земјиште, Заев одговори дека профитирал онолку колку што инвестирал.

– Колку што јас знам ниту 60 отсто од парите што се вложени во инвестицијата не се вратени, бидејќи треба време да чекаат наплата, продажба на станови …, рече Заев

Тој додаде дека станува збор за купопродажба на земјиште и во овој бизнис треба да поминат години, дури и по 20 до 30 години за инвестицијата да се исплати.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

ВИДЕО: За да не му напишат казна побарале да ги почасти, полицајци снимени како земаат поткуп

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Приведен косовски државјанин – дал поткуп за Турчин кој пречекорил престој во Македонија да излезе без проблеми

Анита Петровска Рајковиќ

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

A1on