Забранет влез за косовските каратисти во Србија

Од:

На раководството на Карате сојузот на Косово и на косовските каратисти не им е дозволен влез во Србија да учествуваат на Европското првенство во карате, кое се одржува во Нови Сад од 8 до 10 мај. Како што соопштија од владината Канцеларија за Косово, делегацијата е вратена, бидејќи нејзините членови носеле обележја со симболи на Косово.

На административниот премин Мердаре српската полиција и соопштила на косовската делегација дека им е забранет влезот со одлука на Министерството за внатрешни работи, по што косовската карате екипа се вратила во Приштина.

Претходно, приштинските медиуми објавија дека претставници на Карате сојузот на Косово ја отфрлиле можноста за учество на шампионатот без државните симболи на Косово.

Според соопштението на Канцеларијата за Косово, лицата кои се обиделе во две групи и во два различни термина да влезат на територијата на Србија спротивно на договорот, вратени се синоќа и утринава од административниот премин.

– И покрај прецизната најава од страна на организаторите за исклучиво статусно неутрален начин на учество и преставување на спортистите од Косово, помал дел од косовската делегација се појави во текот на ноќта околу 23 часот на административниот премин Мердаре со обележја на лажната држава Косово, со намера да предизвика провокации на ова спортско првенство. Утринава уште еднаш, поголем дел од делегацијата се обиде да внесе обележја и опрема со симболи на самопрогласеното Косово, се наведува во соопштението на Канцеларијата за Косово.

Поради ова и двете делегации се вратени.

Приштинската страна, додаваат од Канцеларијата на КиМ, нема навремено и на начин предвиден со Договорот за официјални посети поднесено барање за доаѓање и учество на делегацијата.

Претставниците на Карате сојузот на Косово вчера не се појавија на претходно закажаната средба со претседателот на Европската карате федерација, на која требаа да се договорат и да се прецизираат деталите за начинот на нивното учество и претставување на спортистите во Нови Сад, што како што се наведува во соопштението „доволно говори дека спорт им е во втор план и овој пат”.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје