Концерт на руски виртуози во Прилеп во чест на Денот на победата

Од:

Во полното фоаје во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа камерен концерт насловен „Амбасада на мајсторството“ изведоа две млади уметнички, музички виртуози, пијанистката Ана Грот и виолинистката Полина Борисова од Русија. Концертот е по повод 9 мај – Денот на победата. И двете веќе меѓународни лауреати, со својот прв концерт во Македонија ја воодушевија прилепската публика изведувајќи класични дела и разиграни танци.

Грот и Борисова велат музиката е нивниот живот, а првите впечатоци за Македонија, посебно за публиката се прекрасни.

– Музиката е мојот живот, мојата енергија. Преку неа ги изразувам емоциите. Живеам за музиката и сакам да и ја подарувам на публиката, вели Борисова.

Грот, пак, изјави дека и се допаѓа македонската публика, со внимание ги следи и е многу музикална.

– Музиката ми е се. Од најраното детство сум со неа и ќе остане со мене засекогаш, рече Грот.

Концертот е во организација на Руската амбасада во Македонија, на Санктпетербуршкиот дом на музиката и на руската државна агенција „Роса трудничество“, посочи претставникот на агенцијата Арем Романцев.

– Целта е да се промовира руската култура. Досега се организирани три настапи во Македонија, а два во Прилеп. На двете млади уметнички ова им е прва средба со приелпската и со македонската публика и големо искуство, вели Романцев.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски