Потребна поголема едукација за справување со дијабетесот

Од:

Потребна е поголема едукација на пациентите со дијабетес, на сите здравствени работници и професори. Ова денеска беше истакнато на доделувањето на признанието Центар за извонредност во грижата за дијабетесот која го доби Универзитетската Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања од Меѓународната федерација за дијабетес.

Државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев соопшти дека дијабетесот е хронично заболување кое зема се поголем замав во светот, но и во Македонија.

– Бројот на регистрирани лица со дијабетес кои се на инсулинска терапија во моментов во Република Македонија е 40.000, од кои три илјади се лица од тип 1, а 37.000 со тип 2. За таа цел Министерството за здравство на годишно ниво изготвува посебна програма за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за третман и контрола на дијабетесот. Оваа година програмата изнесува 620 милиони денари, рече Милошев.

Тој информира дека оваа програма опфаќа и камп за едукација на лица со дијабетес, едукација за исхрана и физичка активност во образовните установи и изработка на едукативни материјали за подигнување на свесноста за оваа болест.

Претседателот на научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија Татјана Миленковиќ со своето залагање во едукацијата на здравствените работници и на пациентите го поттикна и овозможи ова признание.

– Со ова признание или сертификат ние се стекнуваме со можноста да бидеме дел од визијата на Меѓународната федерација за дијабетес и да имаме клучна улога во понатамошниот придонес кон оваа светска кампања. Дијабетесот претставува постојано растечката закана за целиот свет, па и за нас, рече Миленковиќ.

Би можело да ве интересира

Оваа година е најтешка за нас велат дијабетичарите

Протест на здруженијата на дијабетичари: Да се смени моделот на набавки за да нема доцнења

Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина

А1он

Лани во земјава 7432 новозаболени од дијабетес

А1он

Лицата со дијабетес сè уште чекаат на сензорите за безболно мерење гликемија

Катерина Ѓуровски

Студија: 21 отсто дијабетичари заразени со Ковид-19 умираат во рок од 28 дена