Италијанскиот фудбалски гигант Милан доби европска лиценца за настап во натпреварувањата оганизирани од УЕФА за следната сезона, но, исто така, очекува и казна за прекршување на финансискиот фер-плеј.
На клубот од „Сан Сиро“ му се закануваше исфрлање од Европа бидејќи не постигна договор со УЕФА минатата година, но веројатно сега ги решиле проблемите.
Заедно со Милан, уште 13 клубови од Серија А добија лиценца, со исклучок на Каљари, Киево, Кротоне, Беневенто, СПАЛ и Верона, тимови кои немаат теоретска шанса да стигнат до меѓународната сцена.
На две кола пред крајот на шампионатот, „росонерите“ се шести на табелата со 60 поени, последното место што води во Лигата на Европа, но има само бод пред Аталанта.