Изложба на слики, цртежи и графики на Јоже Циуха од колекцијата на „Остен“

Од:

Во галеријата „Остен“ вечер ќе биде отворена изложбата „Јоже Циуха – слики, цртежи, графики – од колекцијата на Остен Музејот на цртеж”, која е резултат на соработката на Остен и Делегацијата на Европската унија во рамки на програмата за Денот на Европа 9 Мај.

Оваа година кон проектот се вклучува и Словенечката амбасада, така што изложбата од 20.20 часот ќе ја отворат евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорот на Словенија во Македонија Милан Јазбец.

Галеријата „Остен“ соопшти дека изложбата е само прв дел од проектот кој во целост ќе се реализира во текот на 2018. Покрај изложбата, проектот ќе опфати уште два настана во октомври – промоција на публикација за творештвото на Циуха во рамки на Остен Биенале на цртеж Скопје 2018 и предавање на кураторките од Љубљана „Современата словенечка уметничка сцена со осврт на значењето на делото на Јоже Циуха”.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски