Косовската претседателка Атифете Јахјага и нејзиниот српски колега Томислав Николиќ ќе се сртенат на 6-ти февруари во Брисел.
Овој датум за порталот Индексонлајн го потврдиja дипломатски извори во Приштина, кои се во тек со подготовките за средбата.
Според западен дипломат двајцата претседатели ќе се сретнат во Брисел. На средбата ќе присуствува и високиот претставник на ЕУ за надврошена политика, Кетрин Ештон, се наведува во веста на Индексонлајн.
Од кабинетот на Јахјага ни ја деманираат, ни ја потврдуваат веста.
Претходно Рамуш Тахири, советник на Јахјага потврди дека ќе има средба на двајцата претседатели и оти денот е одреден, но, како што изјави, може да има промени во датумот поради обврските на меѓународните претставници. Според него тема на разговорот ќе биде дијалогот Белград-Приштина и нови прашања нема да биде отворени.
Дека ќе има средба потврдија и од кабинетот на претседателот Николиќ, но датумот не се прецизира.