НАСА, од базата Ванденберг, ја лансираше ракетата „Атлас 5″ која треба сондата „Ин-Сајт” да ја пренесе на Марс заради истражување на внатрешноста на планетата.
Сондата ќе патува до целта повеќе од шест месеци, по што ќе почнат геолошките испитувања.
Откако вселенскиот апарат ќе се спушти на Марс, ќе пробие дупка длабока пет метри. Потоа, сеизмомерот со помош на роботско помагало ќе биде преместен директно на површината на Црвената Планета.
„Ин-Сајт” тежи 694 килограми и наликува на своите претходници „Феникс” и „Вајкинг”, кои исто така се триножни.