Протест на српското МНР на соопштението на албанската Влада

Од:

Министерството за надворешни работи на Србија изрази денеска протест по повод соопштението на Владата на Албанија во врска со остранувањето на споменикот на ОВПМБ во Прешево на 20 јануари.

Српското МНР смета дека речникот кој е употребен во соопштение директно поттикнува на натамошни активности насочени кон дестабилизација на ситуацијата во јужниот дел на Србија, но и во поширокиот регион, во соседните земји населени со албанско малцинство.

– Квалификациите и обвиненијата насочени против Владата на Србија се под секое достоинство и во целост со спротивни на уверувањата дадени лично од страна на албанскиот премиер Бериша, а време на неодамнешната посета на министерот за надворешни работи на Србија Мркиќ на Тирана, дека Албанија е подготвена да сврти нова страница во билатералните односи, нагласува Министерството.

– Оправдувањето на запалливата реторика со загриженост за положбата на албанското национално малцинство во јужниот дел на Србија претставува груба манипулација, се вели во соопштението и се додава дека заштитата на алабанското и сите други национални малцинства во Србија се спроведува согласно највисоките меѓународни стандарди.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад