Единствена Македонија: Со назначувањето на Џезаир Хоџа за советник на Заев, сите непријатели на Македонија во владата

Од:

„Со назначувањето на Џезаир Шаќири за советник за безбедност на Зоран Заев повеќе нема дилема. Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје станува најголем непријател на македонската држава.

Владата на Република Македонија во моментот е збирштина на терористи од ОНА, шарените како испостава на странски служби, поданиците на Сорос, одродени Македонци со изгубено национално чувство…

Со ангажирањето и на Џезаир Хоџа како исламско-фундаменталистички фанатик и директен извршител на убиството на припадник на МВР во ТЦ „Чаирчанка“, се наметнува прашањето, дали со ваквиот состав на владини функционери на антимакедонска основа Зоран Заев прави очајнички обид за конечна пресметка со македонскиот народ и рушење на државата, а антидржавани функционери ќе му послужат за таа цел.

Единствена Македонија ќе го организира и поведе народот во општонароден фронт како единствен начин да се спротиставиме на хунтата на Зоран Заев за рушење на Македонија.

Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски