(ВИДЕО) Црвенковски: Од нашите услови не отстапуваме

Од:

Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, кажа дека премиерот Груевски на опозицијата и понудил да се вратат во Парламентот, што веднаш било одбиено, без да се исполнат условите за одржување на предвремени парламентарни и локални избори заедно.

Црвенковски кажа дека Груевски не може да се повикува на мандатот на оваа влада затоа што го изгуби во настаните од 24-ти декември, со кршење на Деловникот, Уставот и Законите.

Тој нагласи дека доколку нема никоаков договор, опозицијата продолжува со протестите по улиците, а во врска со името рече дека доколку постои некаков договор, а опозицијата не е во Парламентот, тогаш Груевски ќе ја понесе сета одговорност.

Црвенковски рече дека од условите кои што беа поставени за одржување на фер и демократски избори опозицијата нема намера да отстапи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат