Студентот Демијан Шанон го тужи престижниот британски Универзитет Оксфорд, со образложение дека е дискриминиран поради што нема доволно пари за луксузни вечери во најелитните рестроани, каде излегуваат другите студенти на Оксфорд.
Шанон (26) е одбиен од оксфордскиот колеџ Сент Хју, како што тврди, бидејќи не можел да си дозволи луксузен живот. Тој тврди дека факултетот го одбил неговото барање за запишување на мастер студиите, не поради тоа што не можел да ги плати трошоци за смествување, туку поради тоа што не е доволно богат да го следи друштевниот живот на своите колеги и да излегува во луксузни ресторани.
Според политиката на Оксфорд, секој студент плаќа приближно 20.000 долари за трошоци за живот. Во сумата се вклучени наемот, комуналиите, храната и другите трошоци.
– Оксфорд на сите им покажа дека тие што не можат да си дозволат ручек со колегите и излегување на исти места, не можат да се запишат, истакна Шенон обвинувајќи ја администарцијата на Универзитетот за елитизам, ексклузивност и давање на привилегии.
Колеџот Сент Хју тврди дека Шенон е одбиен бидејќи нема доволно пари за да ги заврши студиите.