Над 500 деца трчаа на Детскиот мини маратон

Од:

Над 500 деца од основните училишта во главниот град денеска трчаа на традиционалниот Детски мини маратон, 12-ти по ред. Оваа трка од 500 метри се организира пред самиот „Виз Ер Скопски маратон“ како негов предвесник со цел да се поттикнат најмалите од рана возраст да се впуштат во здравиот начин на живеење.

Детскиот мини маратон 2018 почна во паркот Авионче во Ново Лисиче, каде децата беа охрабрувани од нивните родители и најблиски. Децата трчаа за создавање на училишта без насилство. Партнер на Детскиот мини маратон е УНИЦЕФ.

– Со поддршката која им ја даваме на децата да спортуваат, ги учиме кон основните човекови вредности кои ќе ги водат низ животот создавајќи кај нив чувство на тимска игра, самодоверба и пожртвуваност, изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Децата годинава имаа можност да се запознаат со светската рекордерка Пола Редклиф, која ги мотивираше да се впуштат во спортувањето и атлетиката.

– Многу ми е драго што на овој прекрасен ден гледам толку многу среќни деца. Уживајте во овој спорт и продолжете да се борите да сте победници во се што правите, изјави Редклиф.

Пола на Детскиот мини маратон најави дека поради тоа што во Скопје се нашла во прекрасна атмосфера, спонтано одлучила да настапи на петкилометарската трка на „Виз Ер Скопски маратон“.

Организаторите на „Виз Ер Скопски маратон“ потсетуваат дека оние кои не успеаја да се пријават како натпреварувачи, се уште може да учествуваат во ова спортско случување преку повиците за најдобар транспарент и најдобра фотографија.

Би можело да ве интересира

Рекордни 13.400 учесници на скопските улици: Заврши јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон Inbox

Поради „Виз ер- Скопски маратон“ в недела во Скопје посебен режим на сообраќај

Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи

Скопје се разбуди со ритамот на тркачите: 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон со нови рекорди и уникатни транспаренти

Шилегов: Скопје покажува дека е европска метропола, голем домаќин и професионален организатор на масовен спектакл како Маратонот

Ана Ололовска

Арсова и Ивановски победија на Скопскиот маратон со нови државни рекорди

Ана Ололовска