НБА на пат да ја добие првата жена главен тренер

Од:

НБА лигата е на пат да ја добие првата жена главен тренер на клупата на еден од тимовите во најсилната кошаркарска лига на светот.

Изминатава недела беше историска за тренерската професија во НБА, по објавата на Феникс Санс дека следната сезона тимот ќе го преземе Србинот Игор Кокошков, првиот тренер кој не доаѓа од Северна Америка.

Но во наредниов период може да бидеме сведоци на уште еден специјален момент за кошарката во САД, откако Беки Хамон, асистент-тренер во Сан Антонио Спарс, беше поканета на интервју за работата главен тренер на Милвоки Бакс, пренесе ЕСПН. Доколку биде понуден договор на Хамон, таа ќе стане првата жена тренер во НБА.

Таа е првата жена асистент-тренер во НБА лигата.

Сепак, Хамон не е прв фаворит, откако на списокот на „елените“ има десетина кандидати, но и покрај тоа ова е голем чекор, бидејќи тоа покажува дека порано или подоцна, жена ќе застане на чело на еден НБА тим.

Италијанецот Еторе Месина, кој исто така седи на клупата на Спарс, е уште еден кандидат за отворената позиција во Бакс.

Хамон ги тренираше Спарс за време на летната лига, која нејзиниот тим ја освои во 2015 година. Таа беше шест-кратен учесник во „Ол-стар“ натпреварот за време на нејзината 16-годишна кариера во ВНБА лигата. Од 2014 година таа е дел од стручниот кадар на Грег Поповиќ.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот