Детски мини маратон 2018

Од:

Над 500 деца од сите основни учулишта од главниот град денеска ќе го почнат викендот на Скопскиот маратон со „Детскиот мини маратон“, испраќајќи порака за создавање училишта без насилство.

Детскиот мини маратон 2018 ќе почне во 10 часот во паркот „Авионче“ во скопската населба Ново Лисиче. Маратонката од Велика Британија Паула Редклиф ќе го означи стартот.

Ова е втора година откако УНИЦЕФ соработува со Унијата на спортови од Скопје кои се организатори на „Виз Ер Скопски маратон“ со цел да ја вклучи пошироката заедница во иницијативи што се важни за здравјето и благосостојбата на децата.

– Занимавањето со спорт е одличен начин да се канализира енергијата и да се зајакнат некои важни доблести кај децата како што се доследноста, соработката, заемната почит, здравиот натпреварувачки дух и самодовербата, изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Според директорот на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски спортот има моќ да ги привлече и да ги мотивира луѓето, да го насочи вниманието на важни работи и да ги вклучи сите.

– Тоа е духот и на Детскиот мини маратон – да им се даде на децата можност да учествуваат и да го привлечат вниманието кон работи што им се важни, изјави Синадиновски.

Би можело да ве интересира

Рекордни 13.400 учесници на скопските улици: Заврши јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон Inbox

Поради „Виз ер- Скопски маратон“ в недела во Скопје посебен режим на сообраќај

Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи

Скопје се разбуди со ритамот на тркачите: 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон со нови рекорди и уникатни транспаренти

Шилегов: Скопје покажува дека е европска метропола, голем домаќин и професионален организатор на масовен спектакл како Маратонот

Ана Ололовска

Арсова и Ивановски победија на Скопскиот маратон со нови државни рекорди

Ана Ололовска