СДСМ: Несериозно е ВМРО-ДПМНЕ со неточни информации да нанесува штета на угледот на полициските сили

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ партијата која 11 години ја злоупотребуваше полицијата и другите државни институции, продолжува да измислува случаи преку кои очајно се обидува да ја манипулира јавноста.

Лажни се наводите на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во Министерството за внатрешни работи. Несериозно е од кој било политички субјект да се обидува со неточни информации да нанесува штета на угледот на елитните полициски сили.

За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, состојбата со исхраната на припадниците на посебните единици, денес е неспоредливо подобра и поквалитетна во секој поглед и во согласност со сите нутриционистички и останати параметри. Истовремено, отворен е процес на сеопфатно решавање на проблемот со неисплатените прекувремени работни часови со кое што ќе се надмине овој долгогодишен проблем без да се нанесе штета на буџетот на министерството или на штета на вработените во министерството.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен лажни вести и измислени скандали во кои никој не верува. Владата предводена од СДСМ како и сите министерства работат на надминување на наследените проблеми и унапредување на условите за работа и живот на сите граѓани“ реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати