(ВИДЕО) Заев: Владата покажа дека го слуша гласот на граѓаните и дека заеднички ги носиме одлуките

Од:

Владата на Република Македонија во изминативе месеци покажа дека го слуша гласот на граѓаните и дека заеднички ги носиме одлуките. Пред Македонскиот полициски синдикат (МПС) и неговото раководство секојдневно стојат проблемите и орворените прашања на речиси осум илјади полицајци, но решениејата на тие прашања се и обврска на Владата.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на состанокот на Извршниот комитет на европските полициски синдикати и Македонскиот полициски синдикат, насловен „Улогата на ЦЕСП во почитување на финдаменталните и статусни права на полициските службеници во Европа“.

– Полицајците секојдневно се соочуваат со опасни случаи и затоа мора да гарантираме дека по завршување на работното време тие ќе се вратат дома кај своите најблиски, спокојни и безбедни, а утредента ќе се вратат на работа и ќе ги заштитат сите граѓани, нагласи Заев.

Тој порача дека власта е отворена за дијалог со синдикатите и дека крајна цел на работодавачите и државата од една страна и на синдикатите од друга е подобрување на условите за работа на сите работници. Заев информираше дека пред два дена со женевскиот Центар за демократска контрола на вооружените сили потпишал Меморандум за разбирање преку кој ќе се спроведува програмата за реформа на секторот за безбедносните и разузнавачки служби на Македонија за преиод од 2017-2020 година.

-Оваа реформа значи забрзано враќање на довербата на институциите, како што е МВР. Оваа доверба е од особена важност ако се има предвид дека до пред неколку месеци токму овие институции беа симбол на заробената држава која ја наследивме, рече Заев.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека Македонскиот полициски синдикат ја има можноста и поддршката на МВР да ги употреби сите инструменти што му стојат на располагање во заштитата и унапредувањето на работничките права.

– Актуелното раководство на МВР како што е познато, не само на досегашните активности, темелно работи и на подобрување на условите и стандардите на работа на полициските службеници. Ние сме должни да работиме во таа насока, исто како што синдикалците се должни постојано да се борат за напредување за синдикалните и работничките права, рече Спасовски.

Претседателот на Извршниот комитет на Советот на европски полициски синдикати Андреас Симеу пред присутните кажа дека полицијата е важен дел од општеството и дека е врвот на стрелата на демократијата. Тој нагласи дека кога полицијата е задоволна и кога ќе може да ја обезбеди државата, односно да го сочува редот и поредокот, ќе има повеќе луѓе кои ќе ја посетуваат државата, а со тоа ќе има и повеќе инвестиции.

Претседателот на МПС Ацо Ајтовски информираше дека на состанокот ќе се разговара за повеќе проблеми со кои се соочуваат македонските полицајци и рече дека очекува во наредните неколку дена да има одредени позитивни решенија кои во меѓувреме се во завршна фаза од преговорите со МВР, а тоа е покачување на одредена категорија на платите.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он