Франција и Германија денеска одбележуваат 50-годишнина од потпишувањето на договорот, што беше основа за помирување на поранешните непријатели и создавање на денешната ЕУ.
Германските и француски лидери ќе имаат средба во Берлин, а двата парламенти ќе одржат заедничка седница.
Елисејскиот договор е потпишан на 22 јануари 1963 година од страна на Шарл де Гол во има на Франција и германскиот канцелар Конрад Аденауер. Наспроти подемите и падовите во меѓусебните односи, Берлин и Париз секогаш биле од клучно значење за обликувањето на ЕУ, пренесува Би-Би-Си.
Франција и Германија по повод одбележувањето на овој фестивал на пријателството објавија поштенски марки, монети и останати предмети посветени на годишнината.
– Кога Франција и Германија се сложни, тогаш од тоа произлегуваат добри решенија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Француското знаме е поставено до германското во Берлин, а над 500 француски пратеници ќе присуствуваат со германските колеги на седница во Бундестагот.
Членовите на двете влади имаа заедничка кабинетска вечер, а ќе биде одржан и концерт.
Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд вчера имаа состанок зад затворени врати.