Бројот на Британците кои самите си го одземаат животот, е значително зголемен во текот на 2011 година, покажуваат податоците од Националното биро за статистика. Вкупно 6045 лица се самоубиле во текот на таа година, што е повеќе за 437 самоубиства во споредба со претходната 2010 година.
Највисоко ниво на самоубиства е регистрирано кај мажите, на возраст меѓу 30 и 44 години. Дури 23 отсто од мажите на 100 илјади лица, се самоубиваат на оваа возраст.
Просечно во Велика Британија има 11,8 отсто самоубиства, на 100 илјади машка и женска популација. Во 2010 година тој процент изнесувал 11,1 отсто.
Според сознанијата на статистичарите, вкупно 4552 мажи извршиле самоубиство во 2011 година, што е повеќе од двапати, во споредба со бројот на самоубиствата кај Британките. Ова е и највисокит раст на самоубиства во земјата, по 2002 година.
Самоубиствата меѓу жените се поретки и во 2011 година, 1493 жени самите си го одзеле животот. Во оваа бројка се опфатени жените од сите возразти, иако како критична возраст се оценува периодот меѓу 45 и 59 години.
Статистичките сознанија откриваат дека мажите се послабиот пол, кога станува збор за самоубиствата, зашто бројот на самоубиства кај жените постојано се намалува во последните 30 години.