ВИДЕО: Владина делегација оддаде почит на гробот на македонскиот национален херој Гоце Делчев

Од:

Во рамки на одбележувањето на 115. годишнината од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, денеска, претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа на панихида и положија свежо цвеќе на гробот во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за култура Роберт Алаѓозовски пред саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев оддадоа почит кон делото на великанот на македонската борба за самостојност и државност.

Великанот Гоце Делчев е симбол на македонското револуционерно движење и еден од најистакнатите водачи и идеолози на македонската ослободителна борба од крајот на 19. и почетокот на 20.век.

Заложбите на Гоце Делчев и неговите идеали остануваат наша заедничка обврска, да ја сочуваме нашата татковина, интегрирана во напредниот цивилизиран свет, каде, како што рече големиот великан Делчев има место само за „културен натпревар меѓу народите“.

Би можело да ве интересира

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски