Бекот на ракометниот клуб Вардар, Хорхе Македа и официјално е претставен како нов играч на ПИК Сегед. Тој во следните две сезони ќе ги брани боите на унгарскиот вицепрвак.
По Жоан Кањељас, тој е вториот шпански интернационалец од Вардар кој си заминува на крајот од сезоната.
– Постигнавме договор за следните две години со Македа. Во последните години имаше бројни настапи против нас, беше светски шампион со Шпанија во 2013 година. Убедени сме дека носиме врвен играч, соопштија од ПИК Сегед.
Покрај двајцата Шпанци, од македонскиот шампион летово ќе си заминат и тренерот Раул Гонзалес, Штербик, Марсениќ, Абутовиќ и Циндриќ.