Цртеж – Експериментален – Цртеж го поттикнува развојот на новите форми

Од:

Цртеж – Експериментален – Цртеж е новата изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија што ќе биде отворена вечер, петок, 4 мај, во 20 часот во Галерија КО-РА, Скопје.

На изложбата ќе бидат преставени експонати од триесетина автори коишто експериментираат во новите изразни форми и ги поместуваат маргините за строгите дефиниции во креативните уметности.

Изложбата Цртеж – Експериментален – Цртеж не отстапува и поаѓа од фактот дека цртежот е составен дел не само од ликовната и применетата уметност, туку и од театарската, филмската и видео-арт уметноста. Токму затоа, значењето на овој изложбен концепт ги надминува границите на ликовната уметност и во својата суштина го поставува цртежот како основа на сите креативни изрази. Со него едноставно се поттикнува развојот на новите форми на цртежот и се создава нов концепт кој целосно го напушта класичниот.

Современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање вклучувајќи ги притоа и сите негови радикални трансформации.

Изложбата ќе биде отворена десет дена.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски